НОВА РЕПУБЛИКА
← Назад кон вести
Активности и ПРЕС

Таргетирањето на Законот за употреба на јазиците не е само предизборна цел

27 септември 2025·Ивон Величковски
Таргетирањето на Законот за употреба на јазиците не е само предизборна цел

– Тоа е средство за постигнувањето на предрамковната состојба – за Северна Македонија да се врати на статус на БЈРМ.

Заедно со самоблокадата што Владата ја прави во ЕУ-интеграциите, се комплетираат условите за нестабилност што земјата треба да ја држат во зависност од несојузничките центри на моќ. Ова е цел на ВМРО-ДПМНЕ е уште од изборите 2020.   Обидот на некои медиумско-аналитички “бардови” од СДСМ да прават терен за постизборна Голема коалиција, покажува дека некој или целото раководство на “Бихаќка” ја прифаќа играта за вакво “трето полувреме” и се согласува со целите на “Белата палата”.   Ако не реагираат на саботирањето на Законот што го донесе нивното мнозинство – потврдуваат дека прифатиле задача да го спречат националното единство на Северна Македонија во име на етно-партиското братимење со олигархијата, изјави Величковски за Frontline.mk