НОВА РЕПУБЛИКА
← Назад кон вести
Активности и ПРЕС

Зошто соблазнување од дружбата на Црвенковски со фунцкионери од власта, но не и од идејата за "Голема коалиција" на ВМРО-ДПМНЕ со СДСМ на Фрчкоски?

15 октомври 2025·Ивон Величковски
Зошто соблазнување од дружбата на Црвенковски со фунцкионери од власта, но не и од идејата за "Голема коалиција" на ВМРО-ДПМНЕ со СДСМ на Фрчкоски?
Затоа што обете се израз на истата немоќ на двете партии. Или принуденост, сеедно. И во таа немоќ - секој преговара со секого бидејќи не се зборува за постигнување национални цели, туку за лични и тесни групни интереси. Тука не станува збор ниту за партиски интереси. Партиските интереси се темелат на што побројно застапување и примена на програма втемелена на локални и/или национални интереси. Низ институциите, врз основа на освоени гласови на избори. А интересите на поединците и ним блиските "елити" не се колективни па оттука - ниту се локални ниту национални. Ова е причината за опасноста - на "Белата палата" сосе подружницата во "Бихаќка" и сите нивни фабрикати - од очекуваниот пад на излезноста. Сега останува "независните инфлуенсери" да притискаат да се гласа за производите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, макар по случаен избор. Тешко. И како нација и како граѓани знаеме дека не заслужуваме вакво поигрување со нашата интелигенција. И дека вистинските избори доаѓаат по овие.