НОВА РЕПУБЛИКА
← Назад кон вести
Активности и ПРЕС

Величковски: Не е прашање кој е прв во опозицијата, туку како да се победат погрешните политики на власта

3 ноември 2025·Ивон Величковски
Величковски: Не е прашање кој е прв во опозицијата, туку како да се победат погрешните политики на власта
Дозволете да им честитам на оние кои не излегоа на гласање, над 55 % и особено на оние кои излегоа и направија неважешки ливчиња. Тие покажаа став: ги делегитимираа традиционалните партии и им порачаа: „Оваа понуда не важи“.
Сите други толкувања се "весела математика".
Ќе бидеме среќни ако успееме нив да ги адресираме оние кои не излегоа на гласање или направија неважечки ливчиња.
Не е прашање кој е прв во опозицијата туку како да се победат погрешните политики на властите заради кои луѓето се иселија.
Да зборуваме за вистинските прашања. Не за тоа дали ќе се собере ѓубрето, за што веќе сме платиле, туку за слободата (на претприемништвото), за редот (низ владеење на правото) и за просперитетот (низ економска активност што носи профит).
На овие и други теми, #Ивон #Величковски, претседател на политичката партија #НОВАРЕПУБЛИКА #НоРа.
https://youtu.be/mwkwLtKCFw0