НОВА РЕПУБЛИКА
← Назад кон вести
Колумни

Величковски: Нови услови со ЕУ-интеграциите ќе има - за институциите, владеењето на правото и системската функционалност, а не за македонскиот идентитет

6 декември 2025·Ивон Величковски
Величковски: Нови услови со ЕУ-интеграциите ќе има - за институциите, владеењето на правото и системската функционалност, а не за македонскиот идентитет
И тие доаѓаат со отворањето на првиот преговарачки кластер „Владеење на правото“.
Тоа што според реториката на ВМРО-ДПМНЕ од 2022, македонскиот народ и нацијата на Северна Македонија треба да се идентификуваат со нефункционален систем, недоволно владеење на правото, корупција... – е проблем на Мицкоски и неговите коалиционери во парламентарната „опозиција“.
Со приближувањето на декемврискиот Самит на ЕУ, се појасно е дека Северна Македонија повторно ќе биде повикана да ги комплетира уставните дополнувања како обврска од Преговарачката рамка. И толку.
Тоа значи дека:
❗️ЕУ ги игнорира вербалните „слаломи“ на Владата и претседателката на Републиката за решенија вон Преговарачката рамка;
❗️На институциите на Северна Македонија им е понудено да се вратат на „фабричкото нагодување“ во интеграциите. Затоа последните панел-беседи на владините министри низ Брисел и Виена се проследени со „едукативен“ молк;
❗️Интеграцијата на Северна Македонија зависи од утврдените критериуми, процедури и обврски, а не од „повиците" на земјата-кандидат за "Реформа на ЕУ";
❗️Извештајот на Европската Комисија тивко посочи дека неиницирајќи ги потребните уставни амандмани, парламентарната „опозиција“ е партнер на власта во авто-блокадата.
Со ова во вид, сите дефокусирачки теми („ѓубрето во Скопје“, „Сејф сити“ и сл.) веќе не го релаксираат реалниот и растечки притисок на граѓаните за целосна интеграција на Северна Македонија во ЕУ заедно со Албанија и Црна Гора.
Оваа потреба, желба и цел на економијата и нацијата е спротивставена со финансиско-медиа-партискиот естаблишмент во Северна Македонија заглавен во БЈРМ-овската зависност од „југо-советскиот“, односно „српско-рускиот" свет.
Учеството на РСМ (со Хрватска, Црна Гора и Словенија) во нацртот на Резолуцијата на ОН (за враќање на киднапираните украински деца од Русија) е почетен показател дека Владата е соочена со неизбежниот избор дали ќе ја води земјата во интеграција (со ЕУ) или во изолација (со Србија).
Реалната подготвеност на Владата (на ВМРО-ДПМНЕ) да го следи стратешкиот национален интерес Северна Македонија да биде ЕУ и НАТО партнер (вклучително стратешки партнер на членки на Алијансата) и натаму ќе се мери по доследноста како репер.
Конкретно, низ деблокирањето на уставните дополнувања како доследност во определбата Полноправно членство во ЕУ.
Истиот критериум важи и за парламентарната „опозиција“. Само пратениците кои ќе се одважат да го направат потребниот предизвик ќе претставуваат опозиција, а не „опозиција“.
Како политички лидер на Нова Република, повторно ги охрабрувам да се определат – или партијата или нацијата.
Впрочем ова е предизвик за сите пратеници - и од власта.
Се друго е само:
❗️натамошен финансиски и економски застој и
❗️газење на интересот на македонскиот народ и нацијата на Северна Македонија.