НОВА РЕПУБЛИКА
← Назад кон вести
Активности и ПРЕС

Величковски: Општински совет е надлежен за миграциската политика колку играорно друштво за тревата

12 декември 2025·Ивон Величковски
Величковски: Општински совет е надлежен за миграциската политика колку играорно друштво за тревата
Наспроти предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за општински декларации по миграциската политика, го повторувам предлогот на НОВА РЕПУБЛИКА од пред два дена: Собраниска Декларација дека Северна Македонија не може да биде крајна дестинација на депортирани мигранти. На целата територија.
Обидот дебатата да се сведе на 3-4 општини не значи дека останатите не се засегнати.
Деловникот на Собранието овозможува било кој опозициски пратеник да предложи ваква Декларација – уште вчера. СДСМ личи дека го прифати предлогот зборувајќи за резолуција.
За таков документ нема потреба да се чека потпис од ВМРО-ДПМНЕ. Се друго е само „вртење во круг“.
Доколку опозицијата нема обврски кон власта - Декларацијата ќе ја поднесе во собраниската Архива веднаш, а кој сака од мнозинството нека се јави како ко-предлагач.
Доколку власта нема тајни обврски – Декларацијата ќе има огромно мнозинство.
Во спротивно, политиката на Владата гласи „уставни дополнувања за членство во ЕУ - не, за мигранти - ќе се договориме" и мнозинството ќе гласа против.
НОВА РЕПУБЛИКА не води политика на дневна основа.
Затоа повикавме на донесување Декларација во име на националниот интерес.
Миграции имало и ќе има и Северна Македонија ќе биде солидарна и во ова прашање со своите сојузници.
Но, со миграциска политика која за НОВА РЕПУБЛИКА се води според:
  • потребното на домашниот пазар на труд – а не според наметнатото, како „трета земја,“и
  • проекциите и можностите, а не како ризик по националната безбедност и економија.
ЕУ ги депортира мигрантите во трети земји. Што подолго сме вон ЕУ и економски и системски заостанати, ќе останеме „трета земја“ – дестинација за „депортирани мигранти“ од Обединетото Кралство, ЕУ или други држави.