Политички приоритети на НОВА РЕПУБЛИКА за 2026 ГОДИНА
3 јануари 2026·Ивон Величковски

Документот „Политички приоритети на НоРа за 2026 година“ е донесен на Третата седница на Националниот одбор од 2 јануари 2026 во Скопје. Тој е составен од три дела: Состојби, Приоритетни решенија и Принципи.
За нацијата и секој граѓанин на Северна Македонија да живее во слобода, ред и просперитет мора да воспоставиме владеење на правото што значи почитување и на Уставот и законите и на Рамковниот договор и договорите со соседите.За да владее правото мора да ги запреме злоупотребите на влијание и јавни финансии од политичките и финансиските „елити“.За да ги запреме овие злоупотреби мора да го срушиме монополот над власта и економијата стекнат по идеолошка основа од неколку семејства и групации во минатото. Без тој монопол овие семејства и групации не можат да го задржуваат сегашниот лош поредок и да го попречуваат полноправното членство на Северна Македонија во ЕУ.
Изборот е или тие или сите ние. НОВА РЕПУБЛИКА не постои за нив. Оттука целината на решенијата се правните решенија за:
НОВА РЕПУБЛИКА останува посветена на спроведување на преземените обврски во меѓународните односи и на граѓанската рамноправност, соодветната и правичната застапеност на заедниците вклучително потребните и расположливите антидискриминациски механизми како соствен елемент на владеењето на правото. Ова се решенијата за владеење на правото, успешен инвестициски циклус и подобар личен стандард и колективен систем. Ова се решенијата за слобода, ред и просперитет на граѓанинот во земјата и на нацијата интегрирана во Европската Унија.
Принципи на дејствување: НОВА РЕПУБЛИКА е самостојна национално-центристичка партија. За остварување на политичките цели и Програмската платформа. НоРа може да соработува со политички групации и граѓански иницијативи кои се согласни со приоритетните решенија. За таа цел, НОВА РЕПУБЛИКА може да биде и заедничка платформа на споменатите групации и иницијативи на основа на рамноправност, договор и соодветна застапеност.