НОВА РЕПУБЛИКА
← Назад кон вести
Активности и ПРЕС

НоРа: Милиони долари на режимот на Мадуро се движеле и низ нашиот банкарски систем

4 јануари 2026·Ивон Величковски
НоРа: Милиони долари на режимот на Мадуро се движеле и низ нашиот банкарски систем
Остана непознаницата за чии потреби и врски овие пари влегле во Северна Македонија и каде завршиле.
Властите и на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ редоследно ги превенираа истрагите за овие потенцијални врски на домашниот банкарски со нарко-авторитарниот режим на Мадуро - неспроведувајќи истрага за "Евростандард Банка" и потоа ликвидирајќи ја низ "независната" НБРСМ.
Оттука, за ВМРО-ДПМНЕ дистанца од своите авторитарни браќа во Белград, Будимпешта, Москва се до Каракас ќе значи само отворањето на "венецуелската врска" во Северна Македонија. За СДСМ дистанца од нарко-политичките картели ќе значи утврдувањето на улогата на нејзините тогашни функционери во несанкционирањето на таквата "венецуелска врска" во Северна Македонија. Соочувањето на македонската финансиско-политичка "елита" со овие дејства и соучесништвото на истрагата, правосудството и монетарната власт во прикривањето на оваа афера "чудесно" ќе ги деблокира: - и борбата против корупцијата и криминалот - и европските интеграции.

НОВА РЕПУБЛИКА