Величковски: За Мадуро во Северна Македонија жалат само корисниците на неговите трансфери низ банкарскиот систем согласно аферата "Евростандард банка"
6 јануари 2026·Ивон Величковски

Мадуровите евра се плод на неговиот авторитарен, нарко-коруптивен режим вмрежен во влијанијата и интересите на Русија, Кина и Иран и во оваа и во други земји од Централна и Јужна Америка.
Нивното движење коинцидира со обидите овие влијанија и интереси да најдат потпорна точка и на Балканот и во Северна Македонија. Затоа останува потребно да се дознае и во која банка во Србија се останати шесте милиони мадурови евра кои не биле трансферирани кај нас.За да се соочиме со ризиците и носителите на влијанијата на Русија, Кина, Иран финансирани со "венецуелската врска" во банкарскиот систем на Северна Македонија и од него во партиите, медиумите и институциите, да упатам конкретен повик:
- До Тошковски, МВР да ја рестартира истрагата за "Евростандард Банка". Таа е започната во мандат на Спасовски - и практично е запрена. Наодите на Драго Кос ќе и бидат од корист.
- До Славески, НБРСМ да истражи и објасни зошто "Евростандард" беше затворена од централната банка иако пред тоа имаше други расположливи механизми.
- За Мадуро судот во Њујорк веќе има донесено пресуда по друго обвинение,
- Северна Македонија и западните држави не го признаваат неговиот режим инсталиран со фалсификувани избори уште од 2018,
- САД долго време укажуваат дека Венецуела е еден од носителите на малигните влијанија на Русија, Кина и Иран во Централна и Јужна Америка (присутни и кај нас),
- Интересот на САД е за нафтата. А Русија, Кина и Иран се заинтересирани за туристичката понуда на Венецуела?