НОВА РЕПУБЛИКА
← Назад кон вести
Активности и ПРЕС

Соопштение: Држава која не гарантира безбедност и владеење на правото за сопствените граѓани, не гарантира безбедност ниту за амбасадите. И обратно. 

11 јануари 2026·Ивон Величковски
Соопштение: Држава која не гарантира безбедност и владеење на правото за сопствените граѓани, не гарантира безбедност ниту за амбасадите. И обратно. 
Како партија посветена на слободата, редот и просперитетот на нацијата на Северна Македонија и македонскиот народ, нападот врз една амбасада (во случајот на Бугарија) го сметаме за срам за нас - земјата-домаќин.   Затоа Министерството за внатрешни работи да одговори на следните прашања: - Зошто МВР нема извести за настанот, туку за него дознавме од пренесени информации од Бугарската телеграфска агенција? - Секоја амбасада во Скопје е физички обезбедена од МВР. Во случајов, каква била и имало ли воопшто реакција на полициското обезбедување? - Спроти амбасадата има камери од системот "Безбеден град". Дали тие се во функција на истрагата?   Неказнивоста со политичко-партиски мотиви е лоцирана слабост на владеењето на правото во Северна Македонија. Во таа насока, да се потсетиме и дека се уште немаме одговор за тоа кој ја нападна Амбасадата на САД во Скопје 1999.   Затоа, доколку Владата на Северна Македонија не сака да се идентификува како Влада на Додик во Скопје, МВР веќе утре ќе го лоцира и процесуира напаѓачот и ќе ги добие нашите комплименти.   Во спротивно, ќе остане впечатокот дека станува збор за партиски инструирано дело со цел да ги влоши билатералните односи меѓу Северна Македонија и Бугарија, да ја засили неказнивоста, но и да му потврди на Брисел дека официјално Скопје прави се за да се дистанцира од европските интеграции.