Величковски: Трамп не го напушти НАТО. Ниту Европа може да продолжи да го третира НАТО како до сега
23 јануари 2026·Ивон Величковски

На разочарување на многумина:
- На сите кои гледаа на нов баланс во Европа фаворизирајќи ги Русија и Кина.
- На сите кои сметаат дека ЕУ може да остане глобален фактор преку економско влијание и стандарди - без одбранбена структура и трошоци за таа намена - сметајќи на "Јенките" и НАТО по автоматизам.
- На сите кои сметаат дека САД треба сами да го носат товарот на светската, трансатланската и пацифичката безбедност, додека треба да ги делат придобивките од победата во "Студената војна".
- ги пореметува движењата на црните пари од шверц со нафта и наркотици и со тоа
- го попречува финансирањето и на дестабилизацијата и на "Западот" и на "меѓународниот поредок".
- Арктикот е стратешка цел и на ЕУ, Канада, Русија и Кина, а не само на САД;
- Русија веќе има десетина бази таму од кои 7 се нови;
- Данска има преземено обврски во однос на американското присуство на Гренланд уште минатата деценија;
- Кина има интерес од контрола на арктичките рути и во тоа ќе ја користи Русија сведена на регионална сила како подизведувач;
- членките на НАТО од Европа, но и Канада не ги исполнуваа финансиските обврски за заедничката одбрана. А сега се виде дека можело;
- на секои два загинати војници на САД во Авганистан, еден војник загина од Европа. Од нив - најголем број се Данци;
- дополнителни царини за сега нема како што решението за Гренланд нема да биде воено, и
- Гренланд е стратешко безбедносно и економско прашање на 21 век, условено и од климатските промени.