НОВА РЕПУБЛИКА
← Назад кон вести
Активности и ПРЕС

Опозициското расположение е поголемо од парламентарната "опозиција". Тоа бара нова Република.

22 јануари 2026·Ивон Величковски
Опозициското расположение е поголемо од парламентарната "опозиција". Тоа бара нова Република.
До новата Република доаѓаме низ политики за постигнувања и напредок, а не на сеќавања.
Ви предлагаме - преку НОВА РЕПУБЛИКА.
На сите кои препознаваме дека:
  • "традиционалните" партии се во порите на институциите само за да (се) корумпираат со јавни пари и договорно да ротираат на власт,
  • при отсуство на понуда, со апстиненција и "неважечки" ливчиња одбиваме инсталирани функционери, но дека така се уште
  • немаме легитимно претставништво.
НОВА РЕПУБЛИКА е парадигмата за:
  • Одржлива економија и претприемништво низ реиндустријализација за:
    • крај на задолжувањата и иселувањето во интерес на (системот на) олигархијата и
    • значаен и постојан економски развој и раст на животниот стандард, и
  • Владеење на правото низ примена на потпишаното и усвоеното.
Одржливата економија втемелена на реиндустријализација носи ПРОСПЕРИТЕТ. Владеењето на правото гарантира РЕД.
Тие се основа на системот кој гарантира СЛОБОДА низ:
  • Национален идентитет што ги штити нашите одделни етнички идентитети;
  • Права на сите и одговорност на секој, и
  • Примена на ️Рамковниот, Преспанскиот и Договорот за добрососедство за СЛОБОДА, РЕД и ПРОСПЕРИТЕТ во сопствена држава.
Притоа, ️Северна Македонија во ЕУ е од еднакво значење и поврзаност со нашата припадност во НАТО.
Оттука нашите приоритети во 2026 се:
  • уставни дополнувања,
  • ветинг,
  • проширена конфискација на нелегален имот,
  • проширен опфат на рестриктивните мерки,
  • отворање на досиејата на ју-службите,
  • уредување на работењето со криптовалути,
  • прекин на оданочувањето на семејните и инвестициските приливи од дијаспората,
  • отворање за инвестициите од соседството, особено од земјите-сојузници во НАТО.
"Потсмевот" од корумпираните функционери, партиските ботови и опинионистите на олигархијата ни е комплимент. "Пофалбите" од нив би не загрижиле.
И штом се препознаете во новата Република, проверете како до неа доаѓаме низ #НОВАРЕПУБЛИКА. Со Ваши предлози и вклученост - побрзо, подобро и поуспешно