НОВА РЕПУБЛИКА
← Назад кон вести
Активности и ПРЕС

Соопштение: Молк за интеграциите за соработка со Мицкоски или уставни амандмани за коалиција со граѓаните

30 јануари 2026·Ивон Величковски
Соопштение: Молк за интеграциите за соработка со Мицкоски или уставни амандмани за коалиција со граѓаните
Премиерот Мицковски вчера ја повтори позицијата на ВМРО-ДПМНЕ за уставните дополнувања. Со тоа предвидливо се обиде да одржува поделба во македонскиот народ и нацијата на Северна Македонија.   Истовремено се обиде да нафрли тема во предизборието кај источниот сосед. Оваа тактика на премиерот е можеби "итра", но сепак веќе видена и затоа обидот за кавги не го прифаќаат ниту соседите ниту ЕУ.   Но Мицкоски вчера пред се обраќаше (внатре)партиски, а не политички. Тој отвори "идеополитичка диференцијација" во сопствената партија и пратеничка група, но и во својата собраниска "опозиција": - кој ќе го следи договорот со ВМРО-ДПМНЕ, а - кој ќе ги претставува 70% од граѓаните кои на анкетите кои бараат членство на Северна Македонија во ЕУ.   Затоа, НОВА РЕПУБЛИКА останува на барањето собраниската опозиција да ги поднесе уставните амандмани - покажувајќи кој за што е. Бидејќи евроинтеграциите на Северна Македонија не можат да бидат заложници на кадровската политика на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.