Соопштение: Бидејќи нема "членство во ЕУ без право на глас", да се вратиме на вистинските теми - криминал, корупција и Преговарачка рамка
26 февруари 2026·Ивон Величковски

Изјавата на евроамбасадорот Рокас во Скопје го торпедираше спинот на двоецот Мицкоски-Вучиќ.
Впрочем спиновите темелени на "креативните предлози" на поединечни функционери денес се познати и во минатото.
За споредба: имаше "креативни решенија" на странски функционери од почетокот на "спорот за името". Спорот заврши со Преспанскиот договор - кој сега е неспорен за сите партии.
Изјавата на Рокас е очекувана и (сумирано) гласи: Нема членство вон стандардната процедура во ЕУ, исполнувањето на дефинираните критериуми, процедури и преземените обврски.
Затоа да се вратиме на суштинските теми:
- борба со криминалот и корупцијата,
- владеење на правото, вклучително примена на проширени рестриктивни мерки за "црнолисташите" на САД и проширена конфискација на нелегален имот,
- дополнување на Уставот согласно обврските од Преговарачката рамка и продолжување на преговорите.