НОВА РЕПУБЛИКА
← Назад кон вести
Активности и ПРЕС

Величковски: Ударите врз иранскиот режим се запирање на нуклеарната програма што се заканува и кон Блискиот Исток и кон светскиот мир

28 февруари 2026·Ивон Величковски
Величковски: Ударите врз иранскиот режим се запирање на нуклеарната програма што се заканува и кон Блискиот Исток и кон светскиот мир
Поддршката за операцијата на САД од Северна Македонија, затоа, е правилна и принципиелна.
Тоа е поддршка за запирање и на проксијата на иранскиот режим кои се обидуваат да го дестабилизираат регионалниот и светскиот мир и меѓународните трговски рути. Но истовремено тоа е поддршка за иранската нација која е подложена на масакри од репресивниот теократски режим, односно од сопствената власт. Политичките субјекти во Северна Македонија и во регионот кои ќе останат молчаливи по ова прашање, ќе бидат премолчани сојузници - проксија на режимот кој е извор на терор на Блискиот Исток. А тој режим, меѓу другото, е снабдувач и на оружје за руската агресија врз Украина.