Соопштение: Енергетските шокови бараат подготовка за потенцијалните инфлаторни движења
11 март 2026·Ивон Величковски

Владата и до сега нема функционална економска политика - и според падот на инвестициите и според падот на животниот стандард – без оглед на „розовите“ статистики. Оваа слабост на ВМРО-ДПМНЕ и Владата е програмска и кадровска.
При ваквите слабости и тековните околности, НОВА РЕПУБЛИКА е должна да укаже дека сега национална потреба е превенција на потенцијалните инфлаторни движења.Свесни дека тие се зависни од траењето на судирот на Блискиот Исток и блокирањето на трговските рути, особено меѓу Азија и Европа - јасно е дека не само цената на енергенсите, туку и домашното, континенталното и светското производство се изложени на притисок. Владата, за жал, тоа не го антиципираше, исто како што потфрли и (Советот за безбедност раководен од) претседателката на Републиката.
Оттука, во подготовката за предизвиците во следните 30 дена, НОВА РЕПУБЛИКА бара од Владата:1. Постојано заседавање на Регулаторната комисија и корекција на цените согласно очекуваните амплитуди. Тоа е начин за спречување на вештачкиот недостиг на нафтени деривати, кој „картелски“ (ве)ќе ги организира дистрибутерите. Една можност е намалување на акцизата на горивото. Владата:
- ќе го брани стандардот и производството или
- сопствениот буџетски луксуз.
Домашниот производ сега има шанса да се опорави од нелојалната конкуренција од Азија и особено од Кина.Изборот пред Владата е заштита на домашниот производител и претприемач со промислени мерки или бранење на позициите и профитот на „големите“ компании и банки. Со преземањето или непреземањето на посоченото, Владата ќе покаже дали го брани домашниот мал и среден производител и претприемач или своите коморски партнери. Првото е можност што се јавува во секоја криза и бранење на економијата и стандардот на граѓаните. Второто е продолжување на деиндустријализацијата во интерес на стариот финансиски систем што е неодржлив, неразвоен и кредитно-зависен, во интерес на неколкумина. Претседателство на Нова Република