Ле Риголер: "Уставни амандмани за продолжување ЕУ-преговори", Мицкоски: "Со нерелевантни услови запирам ЕУ-преговори"
29 март 2026·Ивон Величковски

Париз до сега има направено повеќе видливи потези за да го помогне евроинтегративниот процес на Северна Македонија.Два од нив се низ изјави на француските амбасадори во Скопје. Во 2019 амбасадорот Тимоние ја отвори темата за 10 семејства кои ја држат земјата во заложништво. Денес амбасадорот Ле Риголер потврди дека преговорите продолжуваат со исполнувањето на обврската од Преговарачката рамка за уставни дополнувања. Најробусниот дипломатски потег на Париз е самиот "европки компромис", кај нас наречен "француски предлог" - што на Скопје му даде:
- дистинкција на македонскиот и бугарскиот народ со уставните амандмани на кои Северна Македонија се обврза ЕУ, а инсистира (!), и
- патоказ на постапки и реформи со кој (низ Преговарачката рамка) е усогласен јасен и мерлив процес на пристапни преговори на Северна Македонија.
- Адресирајќи барања кон Софија, Мицкоски се обидува да се вклучи во кампањата за предвремените избори таму, и
- Барајќи дополнителни "гаранции" ја саботира Преговарачката рамка и на Брисел му порача дека отфрла ЕУ-интеграции.
- се остварува интересот на македонскиот народ и нацијата на Северна Македонија за системски и институционални реформи, но
- не се гарантира монополот врз власта од олигархијата и 10-те семејства преку партиите.