НОВА РЕПУБЛИКА
← Назад кон вести
Активности и ПРЕС

НоРа: Решенија за итно спречување на деградацијата на земјиштето и речните корита

10 април 2026·Ивон Величковски
НоРа: Решенија за итно спречување на деградацијата на земјиштето и речните корита

Северна Македонија е една од најдеградираните земји во светот по број на каменоломи и речни сепарации. Нивниот број не соодветствува ниту на бројот на жители ниту на економските перформанси (инвестиции и економски развој).

НОВА РЕПУБЛИКА се придржува до потребата од здрава животна средина и одржлива експлоатација на ресурси. Тоа бара и почитување на еколошките стандарди во интерес на граѓаните и овозможување профит на операторите што легално ги експлоатираат ресурсите.

Оттука, НОВА РЕПУБЛИКА предлага неколку приоритетни решенија низ прописи и постапки:

  • Целосна забрана на деградирање на речните корита за ископи под превезот на „регулација на речните корита“;
  • Дефинирање на заштитени зони: национални паркови, извори на вода за водоснабдување и наводнување и планини со густа вегетација (особено во близина на градски населби);
  • Стриктни планови за рекултивација паралелно со експлоатацијата на каменоломите.
За да се оствари ова, потребно е експлоатацијата да се врши од најгорна и најдалечна до најдолна етажа односно „од горе надолу“. Така деградираните површини сукцесивно ќе се рехабилитираат без да се чека крајот на експлоатацијата;
  • Проектно дефинирани проценки/податоци за минимално производство и профитабилност пред добивање на концесијата;
  • Локална контрола (од општината) на каменоломите на подрачјето на единицата на локалната самоуправа и суперконтрола над локалниот инспекциски надзор од страна на националните еколошки (инспекциски) власти;
Инспектирањето значи следење на работата на компаниите со легални концесии, но и спречување и санкционирање на нелегалната експлоатација на земјиштето/ресурсите.

Претседателство на НОВА РЕПУБЛИКА,

Соопштение од Четвртата седница