Неколку прашања наспроти неделните дози „драма“ на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ + ВЛЕН и ДУИ
25 април 2026·Ивон Величковски

До каде е истрагата за 50+ тони марихуана?
Поврзано прашање: До каде е истрагата за „метадонот“ фатен на унгарска граница претходно? Обвиненија за двата случаи?
Обата се произлезени од Северна Македонија. Се додека нема одговор, државата е спонзор на организиран криминал.
До каде е судењето за кочански „Пулс“?
Поврзано прашање: Каде заврши германскиот наод за тетовска „Модуларна болница“? За да не одговараат нарачателот и изведувачот – туку „кабелот“. Објавете го.
Дали чувството на премиерот за можност од гонење екс-функционери е поврзано со други негови чувства?
На пример за формирани предмети што некој ги кочел? За да продолжи подземниот договор на „власта“ и „парламентарната опозиција“ споени во едно?
Колку месеци доцни исплатата на повратот на ДДВ за компаниите?
Каде се парите?
До каде се уставните амандмани?
За ЕУ нема нови услови туку примена на Преговарачката рамка и – уставни измени. Оние што не се дел од вештачката драма - до сега ќе ги поднесеа уставните амандмани.
Бидејќи паметиме, НОВА РЕПУБЛИКА ги поставува овие непријатни прашања.
Прво ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ го враќаа Груевски од Унгарија, па го заборавија.
Па влегоа во тема двојно државјанство на функционерите и заглавија.
Сега „техничката влада“ одеднаш стана причина да се блокира една изборна единица.
Веќе не можете да го спречите вистинското претставништво на Македонците и Немакедонците во Собранието со камуфлажа.
Само вистинското претставништво ја води Северна Македонија во ЕУ и го демонтира системот на „Десетте фамилии“.
Затоа „драмата“ завршува во традиционалните медиуми и партии.