НОВА РЕПУБЛИКА
← Назад кон вести

Парламентарната "опозиција" да се потпише на иницијативата за уставни амандмани

11 мај 2026·Ивон Величковски
Парламентарната "опозиција" да се потпише на иницијативата за уставни амандмани

Во паузата меѓу пресови и соопштенија на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за европската интеграција НоРа ја охрабрува парламентарната "опозиција" да се потпише на иницијативата за уставни амандмани.

Само така ќе го соочи парламентарното мнозинство со изборот: Интеграција со македонски идентитет во ЕУ или Изолација и македонска депопулација.

Потоа нека поднесе два закони: - за потекло на имот и - за проширена конфискација на нелегален имот.

И на крајот, да не ги блокира измените на изборниот законик. Се друго е само партиски "фолклор" за се да остане "како до сега".