Величковски: Муцунски сфаќа дека средбите со неговите европски колеги ќе бидат се покуси
13 мај 2026·Ивон Величковски

Дека проретчија - тоа го знае веќе цела година.
Исто како што знае дека размената на пораки "од нога" со неговата нова бугарска колешка е повторување на ставот од Софија до Даблин и од Атина до Стокхолм, т.е. ставот на Брисел:
- Преговарачката рамка беше договор и усогласување, а
- преземните обврски значат "Се гледаме штом го испорачате договореното".
Муцунски знае и дека заврши оправдувањето "Скопје чека стабилна влада во Софија".
Третирајќи ја кусата размена на пораки како средба, Петрова - Чамова и порача на Владата на Мицкоски дека ниту Владата на Радев нема за што дополнително да разговара околу евроинтегративниот процес на Северна Македонија. Муцунски и ова го разбира.
А со реакцијата по социјалните мрежи покажа колку е шокиран што Софија ја одбила играта "добар полицаец - лош полицаец", односно играта "Мицкоски тврд, Муцунски разумен".
Тоа е лоша вест за ВМРО-ДПМНЕ: Нема ниту "подобар предлог" ниту "репреговарање на Рамката". Односно се потврди дека се што Мицкоски ветуваше во 2024 е - лага.
Во такви околности - рејтингот на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ останува зависен од нивните економски резултати и борбата со корупцијата. А резултати нема.
Тоа е лоша вест и за СДСМ: бидејќи избра да не ги иницира амандманите, изборот за Филипче е сведен на "вештачко дишење за Мицкоски" со дневни пресови без акција или потпис на иницијативата од ДУИ.
Ист е изборот и пред пратениците (и екс-функционерите) на СДСМ кои тврдат дека се во судир со раководството на "Бихаќка ".
Но, тоа е добра вест за Северна Македонија и македонскиот народ: преземените обврски од Преговарачката рамка остануваат.
Ова особено во смисла на внесувањето (и) на Бугарите во Преамбулата - за јасна дистинкција меѓу македонскиот и бугарскиот народ. И за преговори по новата методологија - почнувајќи од "Владеење на правото".
И овој моментум не може да го искористат партиите и раководствата со корени и обврски кон БЈРМ. Ова е моментум на нацијата на Северна Македонија и македонскиот народ, на новата Република.
Нова Република не по момент на настанок туку по смисла на функционирање.