НОВА РЕПУБЛИКА
← Назад кон вести
Активности и ПРЕС

Предлајќи „референдум за уставните промени“, „дипломатските кадри“ на СДСМ фрлаат гума за спасување на политиката на ВМРО-ДПМНЕ. И прекривање на аферата во „Вила Водно“

21 мај 2026·Ивон Величковски
Предлајќи „референдум за уставните промени“, „дипломатските кадри“ на СДСМ фрлаат гума за спасување на политиката на ВМРО-ДПМНЕ. И прекривање на аферата во „Вила Водно“

Ако уставните амандмани се обврска од Преговарачката рамка, референдум за нив значи референдум за Преговарачката рамка. А таа веќе со години е усвоена од Собранието.

Оттука, доколку СДСМ јавно не се дистанцира од таквиот предлог, тоа ќе значи дека:
  • и неговото раководство не сака спроведување на Преговарачката рамка ниту преговори за ЕУ-интеграција на Северна Македонија,
  • ја амнестира Владата на Мицкоски за да и даде време да се консолидира.
Разликата меѓу парламентарна „опозиција“ и опозиција на погрешните политики на Владата е јасна.

За жал, според моментот кога е инициран, личи дека „спонтаниот предлог“ имал за цел да ја прекрие аферата со протекување класифицирани информации од „Вила Водно“. Да се потсетиме – Обвинителството потврди дека се води предистрага за случај за протекување класифицирани НАТО информации од Кабинетот на врховниот командант на земја-членка на НАТО од која доаѓа актуелниот заменик-генерален секретар на Алијансата.

СДСМ има уште куса можност да се приклучи на иницијативата во Собранието и да ги предложи уставните амандмани.

Да се потсетиме и дека ваквата „сплотеност“ и „креативност“ на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за спорот за името со Грција го спречи решението „Република Македонија (главен град Скопје)“ во 2008, па денес името на државата е Северна Македонија.

Северна Македонија не може да издржи уште 250.000 млади луѓе да заминат од земјата додека „Белата Палата“ и „Бихаќка“ си играат пинг-понг со „креативни идеи“. Само соочени со јасен надетнички и политички притисок, ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН ќе бидат принудени да се повлечат од штетните политики и по македонскиот народ и по нацијата на Северна Македонија. НОВА РЕПУБЛИКА нема обврски кон ВМРО-ДПМНЕ и Владата за да остапува од националниот интерес и интересот на македонскиот народ за полноправно членство во ЕУ.