НОВА РЕПУБЛИКА
← Назад кон вести
Активности и ПРЕС

Без епилог на аферите "Марихуана", "Метадон", "Мазут" - партискиот картел ВМРО-ДПМНЕ - СДСМ ќе го забошоти и оддавањето класифицирани информации од Вила "Водно

23 мај 2026·Ивон Величковски
Без епилог на аферите "Марихуана", "Метадон", "Мазут" - партискиот картел ВМРО-ДПМНЕ - СДСМ ќе го забошоти и оддавањето класифицирани информации од Вила "Водно

Случајот со проневерата од над 160 милиони € во набавките на мазут за ТЕЦ "Неготино" стана еден од низата финансиски и политички скандали во Македонија во кои се поврзани кадри блиски до ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ.

Обвинителството тврдеше дека постои основано сомнение за злоупотреба на јавни набавки и перење пари, а сега предметот сака да го затвори без обвинение.  

Истрагата за над 50 тони марихуана за прв пат беше објавена на 5 февруари.

#НоваРепублика повторно прашува до каде е истрагата за овој и случајот „Метадон“ фатен на унгарска граница? Има ли обвиненија?

  Безбедносните органи ги штителе нелегалното производство и шверц на психотропни супстанци? Во мандат на најмалку двајца министри за внатрешни, двајца директори на АНБ и министри за здравство?! Што се се финансирало со нелегалните приходи? Од избори до малигни влијанија во РСМ, соседството и пошироко?

Оттука, според #НоваРепублика, последната афера со протекување класифицирани НАТО информации од претседателскиот кабинет не е изненадување.

  Бидејќи: - случаите на висока корупција и организиран криминал во (најмалку) два владини мандати се движат по линијата Северна Македонија - Србија - Република Српска, а - Србија и "српскиот свет" се екстензија на Русија и "рускиот свет" во заднината на Источното крило на НАТО...  

...Северна Македонија во истите (најмалку два) мандати:

- од македонските партии свесно е проектирана во слаба точка НАТО и

- ја подрива европската надворешна и одбранбена политика.

  Тоа ја објаснува дистанцата и практичната изолација во која Скопје се наоѓа во постојаните обиди да се антагонизира кон Албанија, Бугарија и Грција.  

Затоа во македонскиот политички кампус не минува репликата на двоецот Вучиќ - Ѓилас низ нивните копии Мицкоски - Филипче.

  Ниту нивниот обид аферата со протекувањето класифицирани информации од претседателскиот кабинет да се прекрие со дневни дози прес-конференции, соопштенија, повици за "национално единство" и намигнувања за "широки коалиции".