НОВА РЕПУБЛИКА
← Назад кон вести
Активности и ПРЕС

Канцеларии и митинзи на странски партии и тивка демографска промена - за десуверенизација на Северна Македонија

31 мај 2026·Ивон Величковски
Канцеларии и митинзи на странски партии и тивка демографска промена - за десуверенизација на Северна Македонија
Според НОВА РЕПУБЛИКА ова се врши во содејство со Владата.
1. Митингот за поддршка на Вучиќ предизвика внимание, особено затоа што невладината организација што го организираше е финансирана од српското МНР.

Албанскиот амбасадор во РСМ доби устен демарш за неговите изјави при протестите на студентите - Албанци во Скопје.

Но за митингот во Куманово нашето МНР не смееше ниту да го повика на кафе српскиот конзул во Куманово, не пак да упати демарш на амбасадорот.

2. Косовско "Самоопределување" на Курти отвори канцеларија во Старата скопска чаршија.  Оваа вест медиумите на македонски јазик и "македонските партии" воопшто и не ја третираат. Затоа што ја сметаат за "албанско прашање"?!

Според НОВА РЕПУБЛИКА оваа десуверенизација на Северна Македонија владата ја врши во интерес на партиските партнерства ВМРО-ДПМНЕ - СНС (Србија) и Влен - Самоопределување (Косово).

Непостапувањето на надлежните органи - почнувајќи од МНР значи согласност на Владата за дејствување на странски партии на наша територија. Со тоа Владата на Мицкоски е согласна:
  • (партии од) странство да "означуваат своја политичка територија" во Северна Македонија,
  • да отстапува од суверенитетот на државата.
3. Владата очигледно толерира демографска промена со доселување и постојан престој на турско население во Северна Македонија.  Доколку ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН мислат дека овие партии или Македонците ќе просперираат низ наметнување надворешно влијание врз Албанците - прават огромна грешка и штета. НОВА РЕПУБЛИКА затоа прашува: Дали овозможувањето на вакви странски влијанија за Мицкоски и Меџити значат гарантирање на македонскиот идентитет?