ЕУ не сака да ги интегрира корумпираните влади од Западниот Балкан, а не државите во регионот
3 јуни 2026·Ивон Величковски

Брисел повеќе се грижи за македонскиот народ и граѓаните на Северна Македонија одошто Скопје се грижи на пр. за Кочани.
Вицепремиерот Николовски: - 2018: "Македонија никогаш нема да влезе во ЕУ". - 2024: "Албанија никогаш нема да стане членка на ЕУ" - јуни 2026: "ЕУ ги лаже земјите од регионот, никој нема да стане член бидејќи Унијата не е подготвена за проширување".
Оваа тема сега се задолжени да ја разработуваат мегафоните на договорот Мицкоски/Груевски+Силјановска-Давкова со Филипче/Заев + Пендаровски.Бидејќи - не можејќи да се потпишат на писмото на Вучиќ и Рама - мораше да испратат "писмо за добродојде" пред посетата на Кошта преку вицепремиерот Николовски.
Рама опстојува поради легитимитетот од Бериша во Албанија, Вучиќ поради легитимитетот од Ѓилас во Србија и Мицкоски поради легитимитетот од Филипче во Северна Македонија.Затоа Црна Гора се поизвесно ги комплетира преговорите, Албанија "врие" како што наближува кон членството и нејзините власти се под притисок на владеењето на правото, а преговорите се отвораат со Украина и Молдова.
Проблемот на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е што Брисел повеќе се грижи за македонскиот народ и граѓаните на Северна Македонија одошто Скопје се грижи на пр. за Кочани. Затоа тие се подеднакво под изолација:- средбите на Силјановска-Давкова се еднакво ретки како оние на Пендаровски по игнорантскиот однос кон самитите во Франција и Полска,
- Мицкоски по локалните избори отворено е сведен на средби за пораки од ЕПП-пријателите, исто како Заев откако се обиде Преспанскиот договор и членството во НАТО да ги употреби за градење свој бизнис-систем,
- Стопанската комора не може да го испере "спонзорството" на моноетничките економско-партиски средби од 2022/23 ниту со "повик за обединување со Албанија".