НОВА РЕПУБЛИКА
← Назад кон вести
Активности и ПРЕС

Величковски: Македонскиот народ има сила да гарантира рамноправност, верувам во својот народ и својата нација

12 јуни 2026·Ивон Величковски
Величковски: Македонскиот народ има сила да гарантира рамноправност, верувам во својот народ и својата нација

Релност е она што ни е на располагање - Преговарачка рамка што ни одговара и методологија што е направена по наш „тертип“.

Она што треба да се договорат во Владата, Кабинетот на претседателката и МНР е дали има „нов предлог“.Ние... во 2022 го добивме она што го баравме.

Кога зборува за „нови услови“ премиерот вели дека има нови 14-15 точки... треба на пример да каже дали за него е прифатлива точката за отворање на досиејата на поранешните служби.

Врз основа на тоа да се произнесе дали ги прифаќа иницијативите на политичките партии за ветинг. Забележувате како ја снемува темата „гаранции за идентитетот“?

- Вие сте еден од ретките политичари... што зборувате за уставни промени, предлагате собирање 150.000 потписи за да се започне процедурата... Колку е тоа реално?

Реално е онолку колку што веруваме во својата сила.
Јас верувам во сопствениот народ и сопствената нација. Верувам дека во македонскиот народ... едноставно има луѓе коишто знаат дека гарантирањето на рамноправноста е сила на еден народ. Доколку Вие, јас,.... сме сигурни во својата сила, ние сакаме на сите да им ги гарантираме рамноправноста и еднаквоста на сите - и на тој начин да овозможиме да имаме конкуренција и кохезија.
Ова се дел од ставовите на Нова Република изнесени во гостувањето во „Тема на денот“ на ТВ Сител со Марјан Николовски.