И Владата и парламентарната опозиција "се колнат" во ЕУ и НАТО, но одработуваат за (Србија, Русија и) Кина
28 јуни 2026·Ивон Величковски

Мицкоски неделава потврди (сумирано) дека Преговарачката рамка се менува само со ЕУ консензус, по цена "новата" да не ни ги уважи сегашните придобивки. И така го призна познатото - дека Преговарачката рамка од самиот почеток е корисна за нас.
За тоа време парламентарната "опозиција" театрално тера интерпелации/пратенички прашања, но ни да спомне уставни амандмани.
Заедно ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Левица мора да ги одмолчуваат најтешките заклучоци при усвојувањето на ЕУ-Извештајот:
1. Скриена сопственичка структура во медиумите со антиевропски наративи,
2. Подривање на евро-патот низ координирана манипулација во информирањето,
3. Потреба од отворање на архивите на ју-тајните служби, и особено
4. Растечки силните врски меѓу Северна Македонија и Владата на Србија... во контекст на:
- растечкото кинеско економско и политичко влијание во регионот,
- руските напори за проектирање влијание врз Северна Македонија,
- наративите што го доведуваат во прашање суверенитетот и територијалниот интегритет на земјите во Западниот Балкан, сосе т.н. „српски свет“.
Ризикот по ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Левица од отворањето на архивите на ју-службите е кадровско-длабински. Но, затворањето очи пред овие предизвици е ризик и за нацијата на Северна Македонија и за македонскиот народ.
Северна Македонија во "српски свет“ не може да оди кон ЕУ.
За пат кон Брисел, Скопје мора да се „отшрафи“ од Белград. А за тоа мора да се отворат ју-архивите. Се до тогаш олигархиски/политички/безбедносно Северна Македонија зависи од Србија, а "Белата Палата“ и "Бихаќка" мора да останат скопски експозитури на Вучиќ и Ѓилас.
Имено, задачата е не се зборува за ова прокси средство на Русија и Кина во логистичката заднина на јужното и источното крило на НАТО. Но и во економската целина на ЕУ каде припаѓа Западниот Балкан.
Затоа со месеци новинари/аналитичари беа задолжени за минимизирање на темата.
Ратификувањето на Трговскиот договор меѓу ЕУ и САД извесно е да им ги приближи и политиките за спречување на кинеските дампинг цени втемелени на непазарни механизми.
А нарушувањето на кинескиот финансиски капацитет го нарушува кинеското и руското влијание во ЈИЕ и ЗБ.
За да се одржи оската на влијанија врз Северна Македонија:
- српско политичко/безбедносно/медиумско (и финансиско, "Алте Банка")
- руско безбедносно/црковно, веќе не енергетско
- кинеско економско/финансиско/безбедносно...
...за повидлив „рапрошман“ кон Кина се понуди претседателката на Републиката.
Последно со срдечното дружење со кинеската амбасадорка, Силјановска-Давкова покажа дека шефот на државата и врховен командант на НАТО-членка и ЕУ-кандидат е отворен за соработка. Без отпор од ВМРО-ДПМНЕ/СДСМ.
Со години "отвореноста“ за донации одеше рака под рака со кинеските "културни“ центри и јазични курсеви пред се во "македонските" општини раководени од ВМРО-ДПМНЕ/СДСМ.
Ова влијание не е ново и не е само по 2024:
- И покрај потпишаниот договор за 5Г технологија со САД, ниту една влада до/по 2024 не ја замени кинеската технологија;
- И покрај воено/безбедносно/финансиско/инфраструктурно/финансиските врски на Владата на Србија со Русија и Кина - Северна Македонија го отвори пазарот за државниот Телеком на Србија, преку М-Тел, давајќи пристап во доменот на пренос на информации!
- Финансиската изложеност на Северна Македонија кон Кина растеше по основа на автопатските заеми во мандатите на владите 2011-24. Таа ќе растеше ако Обединетото Кралство не се вмеша во „патот на свилата“ со „суверениот заем“.
Северна Македонија врзана на српско-руски верски/културолошки наратив и зависна од кинеска технологија и производи - е "осудена" на низок стандард, неконкурентно производство и конфликтна нација внатрешно и кон соседството.
"Македонските" парламентарни партии во Северна Македонија – кочејќи ги преговорите за ЕУ-членство, коридорот 8... – одработуваат за туѓ проект и туѓи интереси.
Предавството се случува во Собранието, Владата и "Вила Водно".