НОВА РЕПУБЛИКА
← Назад кон вести
Активности и ПРЕС

НоРа: Забрана за пристап до социјалните мрежи за лица под 16 години и рестрикции за пристапот за лицата на 16 и 17 години

20 јули 2026·Ивон Величковски
НоРа: Забрана за пристап до социјалните мрежи за лица под 16 години и рестрикции за пристапот за лицата на 16 и 17 години

За заштита на менталното здравје на младите и намалување на штетните влијанија од дигиталниот свет во новите генерации, НОВА РЕПУБЛИКА предлага Северна Македонија да го следи ваквиот пример од Велика Британија и Франција.

По примерот на цитираните земји, НОВА РЕПУБЛИКА предлага забраната да ги вклучува платформите: Instagram, Telegram, YouTube, TikTok, SnapChat, Facebook и Х. Клучно е децата и младите до 16 години да можат безбедно да пристапуваат до онлајн светот за учење, вести, игри и да останат во контакт со пријателите и семејството преку услуги за пораки. Затоа, предлагаме опциите со висок ризик од контакт на деца со непознати лица (пренос во живо, игри...) исто така да бидат ограничени за овие лица.

Така ќе се спречи опасноста од контакт на децата во Северна Македонија со педофилски, екстремистички и слични предатори на социјалните платформи.

Лицата на 16 и 17 годишна возраст се уште да можат да пристапуваат до социјалните медиуми, но со ограничување на пристапот меѓу полноќ и 8 часот наутро. За таа цел потребно е да се имлементираат решенија за проверка на возраста. НОВА РЕПУБЛИКА предлага регулативата да се донесе до крајот на годината, а имплементацијата да следи во 2027 година.

Ограничувањето на користењето на мобилните телефони за време на наставата е дополнителна мерка која ќе треба да се спроведе во јавните основни и средношколски установи.

Ваквиот пристап ќе ја врати комуникацијата на децата и младите со опкружувањето и врсниците, ќе го намали ризикот од (врснички) булинг и од предаторите на социјалните мрежи, ќе ја намали анксиозноста и ќе придонесе кон нивното физичко здравје.