НоРа: Во Гостивар потфлија прво општинските, потоа и националните власти. Додека се утврдува одговорноста – брзо да се справиме со состојбите
21 јули 2026·Ивон Величковски

„Данокот“ на нестручноста и дилетантството на локалните партиски кадри гостиварчани го „плаќаат“ со здравјето. Не смее да го „платат“ двојно, за партиските кадри на национално ниво да си истераат пи-ар кампања.
Дневно-приоритетно: кој обезбедува техничка и пивка вода? Што работат ДЗС и ЦУК? Дали педесетина тони вода дневно во летни температури се доволни за потребите на: домаќинствата, болниците, градинките, домовите за возрасни лица, установите, компаниите и фабриките (особено оние за храна), угостителските објекти...
НОВА РЕПУБЛИКА потсетува дека при дефект или „обична“ забрана за користење на водата, ЈКП „Комуналец“ обезбедува алтернативно вода за пиење и техничка (пр. со цистерни), а Општина Гостивар го координира процесот и Општинскиот штаб за заштита и спасување го организира распоредот на снабдување на населението. Но, при прогласена епидемија – како во случајот:- Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) е задолжена за обезбедување основни услови за живот на загрозеното население, што вклучува снабдување со вода за пиење (цистерни, резервоари и сл.);
- Владата донесува одлука за интервентно снабдување со вода за пиење (во шишиња или цистерни);
- Таа утврдува како дистрибуцијата на терен ќе се спроведува преку Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), противпожарните единици и државните и општинските органи.
- Центарот за управување со кризи (ЦУК) координира меѓуинституционална поддршка доколку ситуацијата бара ресурси од национално ниво.
Хавариите, епидемиите, непогодите... предизвикани од човечки или природен фактор бараат брзо и професионално справување со кризите. Денес предизвикот е во Гостивар, утре може да биде во било кое место во Северна Македонија. За се има протоколи втемелени во законите. Во овој случај во законите за води и за заштита и спасување.
Аматеризмот на партиските кадри го создаде проблемот, а сега спречува ефикасно да се справиме со него. Имено, денешната прес-конференција во Владата укажува дека главна тема е „кој не е одговорен за случајот“ и како да не се соопштат конкретни детали за причините и справувањето со кризата. Од неа отсуствуваа токму ДЗС и ЦУК.„Данокот“ на нестручноста и дилетантството на локалните партиски кадри гостиварчани го „плаќаат“ со здравјето. Не смее да го „платат“ двојно, за партиските кадри на национално ниво да си истераат пи-ар кампања.
Паралелно со справувањето со кризата и потоа, истрагата и судот мора ја утврдат одговорноста:- на Општината – кој се и како е одговорен за нарушување на квалитетот на водата и предизвикувањето епидемија;
- на инспекциските органи, Државниот институт за јавно здравје и надлежните Агенции за храна и ветерина и за животна средина – зошто не е редовно и темелно е следен квалитетот на водата и начинот на управување со неа, и
- на Министерството за здравство – зошто доцнеше прогласувањето епидемија.