НОВА РЕПУБЛИКА
← Назад кон вести
Активности и ПРЕС

Основачки состанок на Движењето за нова република: 11 Октомври во 2021 има повеќе од едно значење. Нека е честито!

11 октомври 2021·Ивон Величковски
„Водени од целта Северна Македонија да биде суверена, унитарна и хумана Република на модерната и просперитетна нација со:
  • Парламентарна демократија со владеење на правото, правда, безбедност, ред и поредок за остварување на личните и колективните човекови и граѓански права и слободи;
  • Слободен пазар, претприемништво и приватна економска иницијатива;
  • Систем со нулта толеранција кон корупцијата за просперитет на поединецот и заедницата;
  • Здрава животна средина и здрава храна;
  • Функционална локална самоуправа и развиено цивилно општество;
  • Одржливи и достапни системи на јавно образование, здравство и социјална заштита;
  • Надворешна политика на добрососедство, (регионална) соработка и европска интеграција и одбрана вклопена во системот на сојузништвото на НАТО...
...ние, долупотпишаните иницијатори, на Основачкиот состанок одржан на 11 Октомври 2021 во Велес, ја донесуваме следната

ОДЛУКА ЗА ФОРМИРАЊЕ НА ДВИЖЕЊЕТО ЗА НОВА РЕПУБЛИКА

Член 1

Во ДВИЖЕЊЕТО ЗА НОВА РЕПУБЛИКА (Движење) се здружуваме по сопствена волја поради ширење и остварување на заедничките политички, економски и социјални цели и други вредности, интереси и уверувања.

Член 2

Низ ДВИЖЕЊЕТО ЗА НОВА РЕПУБЛИКА се залагаме за остварување на заедничките цели, вредности, интереси и уверувања се до регистрирањето политичка партија која ќе ги застапува и спроведува низ политичкиот процес, соодветно.

Член 3

Вредностите, интересите и уверувањата кои ги промовираме како ДВИЖЕЊЕ ЗА НОВА РЕПУБЛИКА и начинот на организирање и одлучување ги утврдуваме во Програмска платформа, Правилник и други транспарентни документи на Движењето кои се основа на нашето дејствување за остварување на заедничките цели.

Член 4

Приклучувањето кон ДВИЖЕЊЕТО ЗА НОВА РЕПУБЛИКА е слободно, а поддржувањето на активностите е само на основа на лични средства и заложби.“ Иницијативниот одбор ги донесе Програмската платформа и Правилникот за организација на Движењето, кои ќе бидат објавени по нивното редактирање. Утврдена е и Изјавата за приклучување кон Движењето. За Политички лидер на Движењето за нова република беше избран Ивон Величковски, а за секретар на Движењето беше избран Филип Николовски.