Поддржувајќи ги санкциите кон Додик и нему блиските субјекти низ американската црна листа...
10 јануари 2022·Ивон Величковски

...во очи ми паѓаат три факти:
- Само во Македонија санкциите медиумски се претставени само како „рестрикции“ кон Додик. Оние кон Пеевски во Бугарија и Бериша во Албанија беа многу повеќе пренесени и коментирани. Скопската медиа-нво „јавност“ глуми дека не се случиле. Македонското општество знае што се случува.
- Со исклучок на Османи, Владата молчи: од Маричиќ преку Спасовски и Шеќеринска до Димитров, молкот е гласен.
- Отсуствува јасната поддршка на антикорупцискиот пристап и од партиите: ниту од СДСМ ниту од ВМРО-ДПМНЕ нема ни „З“ од задоволство од примената на Извршната наредба на американскиот претседател.