НОВА РЕПУБЛИКА
← Назад кон вести
Статуси

Проблематизирањето на дистинкцијата меѓу Македонците и Бугарите... всушност е поддршка на ставовите на Каракачанов

13 февруари 2022·Ивон Величковски
Проблематизирањето на дистинкцијата меѓу Македонците и Бугарите низ запишување на Бугарите во Преамбулата на Уставот (заедно со досега запишаните народи плус Хрватите и Црногорците) всушност е поддршка на ставовите на Каракачанов. И најмалку е од корист за Македонците.
Тоа е проблематизирање на уредувањето на односите меѓу двете држави и обид за враќање на состојбата на кавга меѓу народите.
Нелогичноста во позадината е што опонирањето звучи примамливо, но е всушност самодеструктивно.