По твитот на Апасиев: „Путин вечерва им ја напраи: Сакавте Косово, еве ви уште две“
22 февруари 2022·Ивон Величковски


Ова е моментот кога секој од опозицијата треба да се дистанцира од путинистичките ликови во Македонија и да биде со државата и сојузниците во поддршка на територијалниот интегритет на Украина.
Изборот пред секој од нас е да сме опозиција на владата или противник на интересите на Македонија.
На ова прашање особено треба да се определи ВМРО-ДПМНЕ, дали својата политика ќе ја гради со европски и евроатлански правец или и натаму е подготвено да гради влада и со вакви ликови.