Камо став на нашите поранешни функционери за Украина?
26 февруари 2022·Ивон Величковски


Во однос на инвазијата врз Украина и санкциите врз Русија, Обама го поддржа Бајден, Оланд го поддржа Макрон, Меркел го поддржа Шолц.
Поранешните претседатели на Македонија, Црвенковски и Иванов, имаат став на поддршка за позициите на својата земја?
Груевски нешто на Фејсбук да чкрабнеше? За секое судење, за верски празник чаршав распостила.
Заев романи пишува за Струмички карневал, ама за ова штурци.