НОВА РЕПУБЛИКА
← Назад кон вести
Статуси

Кога би сакале да бидеме саркастични, би рекле дека е добро што Македонија пушта млада и дипло-интелектуална артилерија од НАТО-сертифицирани кадри за амбасадори

31 март 2022·Ивон Величковски
Кога би сакале да бидеме саркастични, би рекле дека е добро што Македонија пушта млада и дипло-интелектуална артилерија од НАТО-сертифицирани кадри за амбасадори во европските и светските центри, како Арифи, Виктор Димовски, Фрчкоски, Жерновски, Манасиевски.
А директно речено, како што наложува моментот, време е да се посочи дека северномакедонската државна дипломатија со сите сили пробуваат да ја задржат да биде ПЈРМ-овска, во корелација меѓу Скопје и Белград.
Се додека во дипломатијата се потпираат на кадрите од кабинетите на Црвенковски, сегашниот премиер и министерот за надворешни ќе се сликаат на самитите на НАТО, но нема да имаат позначајни работни средби со своите колеги вон протоколот и задолжителното.
Ниту Македонија ќе прерасне во доверлив сојузник во НАТО или суштински дел од ЕУ.
Тест-периодот што подразбира толеранција кон нивни превиди им е завршен. Пендаровски тоа нема да сака да им го посочи, секако.