НОВА РЕПУБЛИКА
← Назад кон вести
Статуси

Со резолуцијата на ЕПП наспроти ставовите во јавноста по спорот со Бугарија, ВМРО-ДПМНЕ не ја следи ЕПП, не влијае врз ЕПП или ниту ја следи ниту влијае врз ЕПП

3 јуни 2022·Ивон Величковски
Со резолуцијата на ЕПП наспроти ставовите во јавноста по спорот со Бугарија, ВМРО-ДПМНЕ не ја следи ЕПП, не влијае врз ЕПП или ниту ја следи ниту влијае врз ЕПП.
Или е согласна со цел документ ама чека друг да го одработи договореното.
Резолуцијата на ЕПП е скоро идентична со онаа на Европскиот Парламент и ги одразува политиките на ЕК.
Со неа Мицкоски е упатен од Апасиев да се врати на своја политика и да го поддржи спроведувањето на Софискиот.
Јавно и отворено.
И да батали "Никогаш Северна...", оти како чадор на евро-конзервативците, ЕПП ги поддржува и Софискиот - и Преспанскиот.
Како што тоа го прават ГЕРБ и Нова Демократија во Софија и Атина соодветно.
Тоа за ВМРО-ДПМНЕ е "расчистување по дома", но тоа е помалата цена.