НОВА РЕПУБЛИКА
← Назад кон вести
Активности и ПРЕС

НР: Што поблиски можностите за ЕУ преговори, тоа поголема нервозата на "јавноста" и "партиите".

1 јули 2022·Ивон Величковски
Доаѓа времето за одлука. За нас приоритет е Македонија, по НАТО, да продолжи и со интегрирањето во ЕУ.
Пред неколку дена укажавме дека (со модификации) Македонија треба да ја искористи рамката за напредок кон ЕУ и за почеток на преговорите.
Потенцираме - Македонија. Северна според уставот.
За "јавноста" не зборуваме, затоа што таа ќе остане инструмент на спрегите на југо-минатото: збир на валутно-проектни ликови во партиите, медиумите, било како пратеници, министри, советници, нво-грант активисти, било како "опинионисти" или "отворени балканери" кои чекаат свое мислење од Белград и пари од Брисел.
Таа "јавност" ќе бара да продолжи да брои идентитетски крвни зрнца на Македонците, нудејќи го "идентитетот" на преговори за да ги чува своите привилегии.
Нивното противење кон отворањето ЕУ преговори е само очекуван обид за попречување на операционализација на Софискиот договор по слово на (од нив) потпишаното.
Едноставно е: Таквото спроведување на договорот го елиминира идентитетското интерпретирање на документираното од страна на "јавноста".
"Планот на Макрон" јавно го доби разбирањето на Бајденовата администрација, како што очигледно го има од Шолцовиот кабинет уште од неговата регионална посета.
Меѓуетничките тензии проектирани низ собраниски "драми" се провиден дизајн за да се блокира институционалност на епилогот, кога веќе улицата од минатата седмица остави само блед впечаток.
Да го оставиме сето ова зад нас. Да одиме напред.
Меѓу привилегиите на "јавноста" и можностите за нашата генерација - да го избереме второто.