Величковски: Немоќта на идеологизираниот идентитет во 3 лика:
16 јули 2022·Ивон Величковски

1. Олга Лозаноска, пратеник на ВМРО ДПМНЕ, која (не)свесно во име на партијата стави знак на еднаквост меѓу ЕУ и нацизмот. 2. Димитар Апасиев, пратеник на Левица, идеолошки син на Гордана Силјановска и Брус Ли на батерии. 3. Екс-министерот за по надвор, Никола Димитров, Европеец на функција, евро-скептик на апанажа.
Но, само наивните може да ја сметаат за случајност сегашната состојба и заминувањето на Меркел. Споредете ги ставовите на аналитичарите, тинк-тенк, новинарите блиски до Меркел за време на Германското претседателство и контролираната хистерија која упорно сакаат да ја наметнат. Затоа, имајте на ум, процесот на заминување на Меркел Бојс не е завршен. Впрочем, тоа што тие не сакаат да се зборува е дека ваквиот став на Бугарија се изгради непосредно, пред и за време на германското претседателство.
Македонскиот идентитет страда од недостаток на самодоверба бидејќи ваквите ликови постојано му натураа улога на жртва.
Улога во која е втурнат од системски профитери кои службено и медиумски постојано имитираат морална вертикала. "Конзервативци, социјалдемократи, центристи" по потреба, догматичари и борци за работнички права кои немаат минато ни ден во фирма или фабрика..., театрални пред студенти, патетични како пратеници.
Сите вакви "борци" пред екрани и контролирани редакции - додворувачи кон партиите и "јавноста" сфаќаат дека со почнувањето на преговорите завршува нивната кариера, а македонскиот идентитет јакне.
Идентитетот на Македонецот свесен за себе, својата несовршеност и изворност, за своите сограѓани, за опкружувањето и за историската шанса да престане да биде последна југословенска караула - се брани со самопонижувањето на трите лика и нивните спонзори.
Оти Македонецот го јакне својот национален идентитет како што се ослободува од ваквите остатоци на југословенскиот менталитет.
Менталитет кој го разорува идентитетот само за да не се отворат досиејата на југо-македонските комунистички тајни служби.
Чудно ви е сега што никој не го спомна овој дел од заклучоцоте и од Европскиот Парламент и од ЕПП?
За нив Фон дер Лејен е олицетворение на крајот на нивната епоха, мнозинството во Собранието е "предавник" на привилегиите што сметаа дека им припаѓаат по раѓање, а Европа и НАТО е сатрапот на нивната "неизбежност" како каста.
Сега, во залезот на нивната реч и битност - да "засукаме" ракави оти конечно - се застапуваме сами за себе. Сами, но не и осамени.