Разделбата на политичката од "партиската" сцена: Неизбежниот епилог од одделувањето на општеството од "јавноста".
17 август 2022·Ивон Величковски

Македонците и Македонија никогаш посилни, препознавањето на предностите - никогаш послабо.
Општеството и политичката сцена ова го видоа, а "јавноста" и "партиите" се потешко го кријат.
Заситени од транзиционата шема "кеш за нас - помија за вас", политичката сцена и општеството спонтано, а подготвено го дочекуваат процесот на
"Реинституционализација на институциите (државата)"
Ужасното за "партиите" и "јавноста" е што со реинституционализацијата тие зависат од спроведувањето на законот, наместо - како до сега - тоа од нив. Поради влезот во НАТО и одењето кон ЕУ.
Бидејќи со гангрена нема компромис, општеството и политичката сцена избраа отсекување на трулежот на системската и тендерската корупција затскриена зад "големи теми", како историско-идентитетскиве "што ако" драми од јануари наваму.
Секако прогласувањето "победа" кај бугарската страна покажува исто колку една стара држава/нарација сепак може да зависи од дневно-политичките собитија. Имено,
"Триумфот" е семе на следна слабост, а "слабоста" на иден триумф.
Особено во нивното претстојно општествено соочување со фактот се дека на запад граничат со соседот Северна Македонија каде има македонски народ со историска траекторија на развој на одделни македонски култура, јазик, традиции, гарантирани од Унијата каде заедно ќе бидеме. Или прогласувањето "победа" кажува дека соочувањето е започнато?!
Истото е и со нашата "јавност" и "партии": тие го убедуваат општеството дека слабост е ако отстапи од идеологизирано поимање на македонскиот народ, идентитет и историска траекторија, оти тоа е крај за нивните титули, позиции, привилегии. А со тоа - на нивната моќ и контрола.
Но незаинтересираноста за нивната паника е триумфот на Македонците - кои на своето постоење не гледаат како на идеолошки објект, туку како изворен субјект меѓу јужнословенските и балканските народи.
Да, со сиот преплет на настани и личности низ векови и низ заедничка и низ споделена и конечно - низ сопствена историја.
Ова "јавноста" и "партиите" ќе го прикриваат со празни ТВ дебати и плачливи провици до " Бранко, Никола, Радмила..." Оти имаат прочитано дека и Википедија на српски/хрватски/словенечки/англиски/руски... не им е во прилог. За Енциклопедија "Британика", "Ларус"... и да не зборуваме. Добро, им останува Енциклопедијата на МАНУ од времето на антиквизацијата 2008. Oh wait...
Наместо да прашува, ајде "јавноста" и "партиите" нека одговорат:
- Што е со Рашковски и колку Владата на Заев или неговата бизнис-елита има врска со "Јовањица"? Со сите импликации по безбедносниот и правосудниот систем?
- Кога РЕК "Битола" ќе набави свои машини за ископ за да не одлева пари кај тајкуни што ќе ги плаќаме во цената на струјата веќе 30 години?
- Зошто не се национализира марихуанскиот бизнис започнат во време Грујово - расцутен во време Заево, за парите да одат директно во одбрана и здравство...