НОВА РЕПУБЛИКА
← Назад кон вести
Колумни

Од "Крадат, ама барем градат" и "Со комуналиите обезбедивме приход за општината" - ова е резултатот: Скопје денес (фото РСЕ)

30 август 2022·Ивон Величковски
- Градењето нови објекти при стари атмосферска и канализација на отпадни води проектирани за помал број жители и објекти,
- вцртувањето висококатници во секој агол,
- неодвојувањето нови плански населби вон Скопје...
...ја даваат денешната слика на "метрополата".
Да, обилни беа врнежите. Но не е за прв пат. А секое следно невреме е со се потешки комунални последици.
Да, климатските промени ги чувствуваме. Но за нив очигледно сме неподготвени.
И, да, гледаме што значи кога локалната самоуправа
- од 1996 до денес не е ништо повеќе од оператива на градежно-банкарско-партиската дружина,
- ниту е децентрализирана ниту е менаџирана, туку само партиски и нестручно администрирана,
- зависи од комуналиите кои не се приход, туку само инвестициски средства за инфраструктура.
Инерцијата е потрошена.
До 2009 локалната самоуправа стоеше во место.
Од 2009 почнува да тоне.
Дупката се шири и наскоро ќе ја проголта.
Да преземеме мерки пред последиците да се бројат во животи и сериозна материјална штета.
Притоа, под "мерки" не се подразбира Министерот за локална самоуправа да вдоми уште некој пајташ. Ниту "зелените" да одржат прес-конференција или градоначалникот во бела панталона или жолта чизма, сеедно, да отчепува шахта.
Ефектите од таквите мерки ќе се почувствуваат месеци и години откако ќе се започне со системско и планско решавање на функционирањето на локалната самоуправа. А тоа е дневно-партиски некорисно иако од витално значење за секој од нас.
Лесно е да растуриш, тешко е да изградиш систем кој решава потреби и проблеми. Локален, национален - сеедно. Но за што инаку постои политиката?
(Фото: РСЕ)