"Ми градимо пругу, пруга гради нас"
29 октомври 2022·Ивон Величковски

...е слоган на градбата на пругата "Брчко-Бановиќи", симбол на повоените приоритети во екс-Ју - индустријализација и инфраструктура, поврзување и просперитет.
Дали 8 децении подоцна во независна држава можеме да повлечеме паралела со почетокот на градбата на источниот дел од пругата кон Бугарија и отворањето на Македонскиот културен центар во Благоевград? И дали ја сфаќаме можноста во еден викенд да согледаме нова димензија на добрососедството низ поврзување и просперитет?
Скептицизмот кон исплатливоста и брзината на градба на пругата кон Бугарија по 30 години застој е разбирлив. Но веќе не е толку оправдан поради:
- финансиската обезбеденост и континентална и регионална потреба на проектот,
- потенцијалот на транспорт на патници и стоки по Коридор 8 од
до
кон
и не само меѓу
и
,
- приоритетите на новата енерго-инфраструктурна и безбедносна проекција на Европа и регионот по руската агресија врз Украина.
Да не заборавиме:
- пруга е само еден од елементите на коридор, заедно со (авто)патни, телекомуникациски и поврзувања на транспорт на енергенси и
- секое од овие поврзувања е проект со своја динамика и зависност од финансии.
Ден по почетокот на работите на источниот дел од пругата во Македонија, во Благоевград е закажано отворањето на Македонскиот културен центар.
"Јавноста" побрза да го осуди неодењето на државни претставници на настанот и да го поддржи "ексклузивитетот" на присуството на Мицкоски таму.
Но, искуствено, присуството на политички и државни претставници на таков настан е прашање на смисол.
Во Битола во приватно својство дојдоа и Јотова и Петков. И клубовите финансирани од приватни лица - функционираат поради нивните финансиери и активностите што ги спроведуваат.
Оттука, одлуката на Ковачевски, Маричиќ и други државни претставници да не одат во Благоевград е легитимна, разбирлива и правилна.
Исто како што легитимна и разбирлива е и одлуката на Мицкоски да оди таму. Доколку упати пораки на поддршка на добрососедството низ имплементација на Софискиот договор и на ЕУ-интеграциите на Македонија низ гласање за уставните промени, одлуката ќе му биде и правилна.
Ако, пак, од Благоевград само бара нови "гаранции" од ЕУ (вклучително Бугарија) што не и следуваат на ниту една земја-кандидат, значи дека целта му била само за да се зближи со третата политичка сила таму - "Преродба", која не крие дека е анти-НАТО/ЕУ ориентирана. Накусо, од Благоевград ќе покаже дали Левица ќе си ја врати во ВМРО-ДПМНЕ или ВМРО-ДПМНЕ ќе ја претопи во Левица.
Според денешните најави останува можноста од оспорување на отворањето на клубот. Секако, денес никој не може да исклучи дека и таму нема да има некој "Ламбе".
И во еден викенд ќе се покаже дали "градиме пруга и пругата не гради нас" или ќе возиме само по истите коловози како до 1991.