НОВА РЕПУБЛИКА
← Назад кон вести
Колумни

Да го ослободиме Абази од "оправдан сомнеж"... ако истражи како Олег Онишченко доби северномакедонско државјанство...?!

12 ноември 2022·Ивон Величковски
...и ако Јавното обвинителство за гонење организан криминал и корупција (ЈОГОКК) со кое раководи, продолжи со истрагите за "Делчевски ниви" и сите тековни истраги против тековни, СДСМ и ДУИ и поранешни ВМРО ДПМНЕ функционери.
Оригиналниот текст е на англиски, бидејќи западните дипломати/амбасади во Скопје, главниот град на НАТО -сојузник, треба од блиску да ги следат перформансите по прашањето.
Особено дали:
- безбедносната/разузнавачката заедница на Северна Македонија е на неопходното ниво на способности и
- Северна Македонија е потенцијално скривалиште за про-руски олигарси...
...со сите последици на:
- подривање на владеењето на правото во земјата и регионот,
- ширење на пропагандата на Кремљ и
- локална и поширока нестабилност...
следејќи ја патеката на корупција низ која пост-советските, про-путинистички олигарси се имаат инсталирано тука, веќе три децении.
Про-рускиот олигарх со украинско државјанство Онишченко, на црна листа на САД од 2021 - добил северномакедонско државјанство овој мај, со одлука на Владата.
По предлог на Коњичката федерација на Северна Македонија, националниот Олимписки комитет и Агенцијата за млади и спорт за Онишченко да стане дел од нашиот национален коњички тим.
И со одобрение од Агенцијата за национална безбедност.
Според овие предлози и одобрение, Владата одлучи да му го даде државјанството.
Во ера на руско мешање ширум светот и во Соединетите држави и во Европа/регионот/Северна Македонија, при тековна руска агресија во Украина, вон памет е дека ваква иницијатива за давање државјанство на про-руски олигарх како Онишченко можела да дојде од незнаење на Коњичката федерација, националниот Олимписки комитет или Агенцијата за млади и спорт?!
Неговото име мора да било спорно за институциите на Северна Македонија бидејќи бил на црна листа на САД, ако не веќе откако бил уапсен во Германија според меѓународна потерница?
Нејсе, ете, да замислиме дека овие податоци не биле расположливи за спортската администрација или за националните спортски чадор-организации. Да замислиме дека никоја од нив не го прогуглала Онишченко.
Можно ли е дека и националната безбедносна агенција немала интернет?
Не ли ги контактирала колегите во Киив или барем Украинската амбасада во Скопје за да добијат инфо за нивниот државјанин?
Не биле во можност да го видат неговото име на црната листа на САД?
И не била ли ова доволна причина за да се алармира владата?
Бледите објаснувања на Министерот за внатрешни дадени денес се точни само во врска со последната инстанца во процедурата: Владата одлучила за државјанството според иницијативите и одобренијата на четирите односно институции.
Шефот на Агенцијата за национална безбедност што се подготвува за амбасадорска должност во Париз одмолчува.
Премиерот треба да е најзагрижен бидејќи вакво потфрлање на Агенцијата за национална безбедност што е под надлежност на Владата се претвора во потфрлање на Владата (што тој ја предводи).
Тој треба да бара одговорност/оставки од задолжените официјални лица за потфрлањето или потфрлањето станува негово.
И сето тоа не го исклучува прашањето: како е можно дека спортските институции, спортската администрација и особено врвната безбедносна агенција не ја алармирале Владата пред да одлучи?
Или попрецизно, што ги натерало да прогледаат низ прсти на вака евидентно прекршување на националните безбедносни стандарди? Ти и јас веднаш помислуваме на корупција со можни широки последици како мотив.
Со обвинувања за перење пари низ (северно) македонски банки со децении, како што наведе Независниот извештај за Евростандард Банка во август, ова е повеќе од "само уште еден обичен скандал".
Затоа овој случај станува одредница за новиот Шеф на ЈОГОКК.
Ако овие прашања се логични за тебе и мене, секако се индикативно за г.Абази веќе од понеделник.
Неговиот избор беше доволно оштетен од почетокот до политичките врски наведени од медиумите, така што истрага за проблематикава би била навистина освежувачка.
Дури и корисна.
Како и за новиот американски Амбасадор, госпоѓа Агелер, засновано на приоритетите што таа ги имаше поставено при номинацијата за должноста во Скопје.