Влада посветена на борба со корупција би издала две можни соопштенија:
16 ноември 2022·Ивон Величковски

Влада посветена на борба со корупција би издала две можни соопштенија:
1. "Поради неоткажување од надомест за работа што не ја извршувал по именувањето на новата должност, Премиерот очекува Жерновски да поднесе оставка до крајот на седмицата."
2. "...По сознанијата за ова прекршување на етиката и праксата на доброто владеење, покрај истрага за случајот од МЗ, Премиерот побара и МНР да отпочне постапка за отповикување на Амбасадорот Жерновски".
Ова е лакмусот дали Ковачевски решил да води Влада/партија или се помирил со епизодна улога во нив.
Со ваква и брза реакција, ќе преземе иницијатива.
Без неа, нема потреба ни да купува време.
