НОВА РЕПУБЛИКА
← Назад кон вести
Колумни

По интервјуто на ПРСМ: Капитулирање пред борбата со корупцијата сериозно и да започне е одработување за корупцијата како систем.

12 декември 2022·Ивон Величковски
Не ни треба интервју на Пендаровски за да знаеме зошто борбата со корупцијата ќе биде тешка. Потребни се Претседател и луѓе со "срце на вистинско место" за (да ја водат) таа борба.
Се друго е подривање на широката евро-атланска операција за справување со корупцијата, во регионот насочена кон пара-системот на југо-олигархијата што ги контролира државите во З.Балкан (и Македонија). За потребите на Москва,;преку Белград и Бања Лука.
Подгорица по обидот за државен удар, Тирана по ветингот, Приштина по изборот на В.Османи и Курти - со успони и падови - се во костец со проблемот. Само Скопје и по 27 април 2017 се уште се двоуми.
Затоа кај нас функционери, партии, медиуми... - "аминувани" од банкарски, градежни, енергетски и сл. лобија и деривати на транзицијата - однапред се "воздржани" кон борбата со корупцијата.
Впечаток е дека на овој правец му се приклони и Претседателот на Републиката, кога во интервјуто исцрта како ја анализира борбата со корупцијата наместо како би ја поддржал и засилил.
А тоа можеше да го стори на неколку начини. На пр.:
- со покровителство на мерките за борба против корупцијата да и помогне на споделената извршна власт во процесот и, со тоа, на нацијата,
- со земање јавна обврска дека нема да аболицира или помилува сторители на коруптивни дела,
- со предлагање уставен амандман за незастарување на дела од корупција и закони за Ветинг, за отворање на досиејата на соработниците на екс-службите...
Вака само потврди дека сега ќе се види кој се бори, а кој (ќе) го попречува справувањето со корупцијата со (не)постапување по своите надлежности.
Наместо "снаодливи", корумпираните сега стануваат "нелагодни" бидејќи ниту една државна територија во З.Балкан, Европа и С.Америка веќе не им нуди граници во кои се заштитени и неказниви.
Вака ограничена, корупцијата како "власт во сенка" во регионот и Македонија ќе опаѓа пропорционално со ефектите од соработка со Евро-обвинителството и од "Магницки" на двете страни на Атлантикот.
Транс-граничниот анти-корупциски процес ширум евро-атланскиот простор затоа (ќе) ги "отвора" нашите партии, функционери и "Живаљевиќ новинари/академици/нво-активисти"...:
- прво ќе го потценуваат процесот,
- потоа ќе го саботираат и
- на крај ќе се обидат да се вградат во него.
Комплементарните изјави на американскиот, холандскиот, британскиот и европскиот амбасадор во Скопје веќе им се претежок притисок.
По изјавата на германскиот амбасадор општеството покажа и колку е подготвено, но и внимателно да не ни се повтори нова "СЈО еуфорија" за медиумски да гониме поткуп, а да молчиме пред корупцијата.
Оти поткупот е нелегален профит за услуга со злоупотреба на службено овластување.
Корупцијата е потешка: организирана мрежа на физички и правни лица за стекнување привилегии, пари и влијанија со злоупотреба на институции, судство, јавни финансии... односно за преземање на државниот систем од самата држава.
Последна релативизација од медиумите и политичарите е премолчувањето дека корупцијата ни е основата за сиромаштијата и падот на стандардот, додека бројат колкумина (млади) си заминуваат од Македонија. Со нив ќе си заминеше и Пендаровски ако не беше избран на функцијата, се сеќавате?