Во предвечерјето на Божиќ, да им го честитаме гласно на милионите Украинци кои денес ќе го слават Христовото раѓање без струја, вода, греење.
24 декември 2022·Ивон Величковски

За да знаат дека во студената воена зима 2022/23 - не се сами.
За неутешните мајки на загинатите барем да знаат дека и на стотици километри оддалеченост, ја споменуваме жртвата на нивните чеда.
За украинските сирачиња да знаат дека и од тука им благодариме на нивните родители кои ја бранеле и Украина и нас.
За храбрите Украинки и Украинци да знаат колку сме свесни: Во нивната борба за слобода - нашите тешкотии се минорни.
За да им покажеме на своите потомци дека сме нација што цени борба слобода како украинската. Оти така ја славиме и жртвата на нашите предци, поради која Македонија денес е слободна.
Честит Божиќ. Щасливого Різдва.
Следниот да го прославувате во мир и во слободна Украина што се обновува.
И секако - Слава України!
