НОВА РЕПУБЛИКА
← Назад кон вести
Колумни

Гоце Делчев и Заедницата на српски општини (ЗСО)

30 јануари 2023·Ивон Величковски
Додека за едно вака суштинско прашање како што е ЗСО се чека став на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Левица, но и на ДУИ, Алијанса, Алтернатива...(?!), корисно е да се охрабрат Ковачевски и/или Османи, да го соопштат ставот низ призма на интересот на регионот и на Северна Македонија.
Дека заедница согласно Уставот на Косово и без етнички предзнак е едно, а заедница на етнички општини во Косово денес е вовед во исти заедници по етничка основа во Македонија, Србија, Црна Гора...
Односно на по една "Република Српска" во секоја од земјите на Западниот Балкан.
А потоа и низ целиот Балкан.
Имено она што Ердутскиот договор го овозможи во Хрватска - асоцијација без етнички предзнак што не е со елементи на државност и не е "помпезна", туку е - корисна. Корисен "преседан" што не е употребен во однос на ЗСО.
Вакви позиции за ЗСО вчера соопшти и Абазовик, но ова (неизненадувачки) и денес го нема во медиумите на македонски.
Ваквите позиции секако не му се вклопуваат во почетокот на кампањата на претседателот Пендаровски и тој би останал задолжен за Бугарите, заедно со Апасиев и Мицкоски, медиумите на Стопанската комора и нивните партии. Небитно.
Како и пред еден век, македонското и косовското прашање се поврзани. По 1912 и особено по 1918, тие се апсорбирани во "Стара Србија" и "Срце на Србија", прво во Кралството Србија и потоа во СХС.
Односно во тогашниот "српски свет" во јужното крило на панславизмот.
Со уставните елементи на државност и посебност по 1945, 1961 и особено 1974, како во Македонија, БиХ и Црна Гора, така и на Косово и Војводина, поставено е јасна линија на разграничување меѓу "српството" (и југословенството) и соседите во самата федерација.
Во моментот кога прифаќаат независен статус на Косово (со соодветна асоцијација) Србија и Вучиќ се евакуираат од проектот за "српски свет" како продолжеток на рускиот, а него го менуваат со србијанството - коешто политиката ја темели на институциите на државата, наместо на емоциите на народите.
Оваа разлика во пристапот кон политиката на Србија е видлива и (меѓу Србите) во Македонија.
Но најмногу меѓу Македонците.
Чии политичари зависни од српскиот свет мора или да го премолчат прашањето на етнички асоцијации спротивни на граѓанските концепти.
И да му се воодушевуваат на „Отворен Балкан“ колку и да не е од корист никому.
И, секако, да ги актуелизираат разните Џамбаски и Возраждања за да се одржува духот и конфликтите на 1950-тите, 1990-тите, вклучително задолжителната дистантност на Македонците од Албанците и Бугарите. Односно од два од за сега трите сојузници во своето непосредно опкружување?!
А во такви околности, 4 февруари и Гоце Делчев се најпогодни за злоупотреба.