НОВА РЕПУБЛИКА
← Назад кон вести
Активности и ПРЕС

Зошто со здруженијата на Бугарите во Македонија средба остварува Министерот на надворешни, а не за правда, за внатрешни или/и за политички систем?

15 февруари 2023·Ивон Величковски
Како Македонците, Албанците, Србите, Турците... и Бугарите, Хрватите, Црногорците... од Македонија се еднакво државјани на Републиката.
Како и било кој државјанин на Северна Македонија со единствено македонско или со двојно државјанство, македонско и - бугарско, српско, албанско хрватско, црногорско, косовско... чешко, американско...
Третманот на овие граѓани како "странци" кои се среќаваат со (свој?!) министер за надворешни покажува дека проблемот е се уште далеку од системско решавање.
"Козметиката" нема да ги подобри суштински односите ниту меѓу Македонија и Бугарија, ниту меѓу Македонците и Бугарите.
За прашањето на:
- нарушување на безбедноста на човекот и граѓанинот, адресата е Министерот за внатрешни.
- организирањето на културни клубови, адресата е Министерот за правда.
- колективните права или системската дискриминација, адресата е Вицепремиерот за политички систем и односи меѓу заедниците.
Влегувајќи во оваа тема, Министерот за надворешни нужно ќе ја изложи Владата и дома и надвор на основното прашање: Дали правата и слободите на своите граѓани (без оглед на етничката припадност) државата ги третира системски или (како и до сега) дневно-политички.