Став за состојбите во Судскиот совет: Остануваме на предлогот Генерален еднократен (ре)избор на судии во Собранието
28 април 2023·Ивон Величковски

Кога во 2016 го предлагав(ме) ова решение, процедуралистите од партиите, нво-и и медиумите, а особено тогашното раководство на СДСМ и неговите инсталации во "Шарената револуција" обвинија дека овој предлог е:
- спречување на Патоказот на Прибе,
- отворање на Уставот со несогледливи последици,
- нарушување на независноста на (право)судството.
Кога СДСМ сепак процени дека ова може да им донесе плус гласови, на почетокот на кампањата истакна билборди "Генерален реизбор на судии" - и толку.
7 години потоа:
- Прибе е гостин на дебати замислени да рециклираат надминати теми и ликови,
- Уставот е отворен два пати,
- Судството е распарталено од Републички судски совет до дактилографка, СЈО е неславна историја, а довербата во судството е на ниво на статистичка грешка.
Состојбата во Судскиот совет, формалниот предлагач на изборот на судиите - тоа го покажа.
Бараме решенија? Од овие досегашните, "системските", "формално-правните", добри на хартија и употребливи за барање странски грантови - толку.
Звучи радикално? Да.
Ако сакате реална правда, а не само формално судство, тоа е.
Паралелно со чистење на остатоците на "нивните деца" од третата генерација "правосудна елита" распоредена според потребите на партиите.
А не на системот и граѓаните.