Величковски: Во очекување на Томосот за Охридската архиепископија од Вселенската патријаршија и спречување на "црногорско сценарио" во Македонија
30 април 2023·Ивон Величковски

Политиката и црквата се одвоени. Но и преплетени, како и се во општеството.
Затоа, за почеток да расчистиме дали Православната Охридска архиепископија (ПОА) се интегрира во МПЦ-ОА.или МПЦ-ОА и ПОА се интегрираат.
Оти прашањето е и канонско - и имотно-црковно.
Доколку ПОА се интегрира во МПЦ-ОА, покрај канонското, расчистено е и имотното прашање: тие се на верниците на Православната црква во Северна Македонија, односно Охридската архиепископија.
Доколку двете се интегрираат на еднаква основа, полагањето на правото на сопственоста на имотот на ПОА останува инструмент на СПЦ како за спорење на имотот (цркви, манастири), така и на самата МПЦ-ОА.
Второто е вовед во нов спор за кочење на Томосот од Вселенската патријаршија и држење на МПЦ-ОА во лебдечка состојба на зависност од Српската за потребите на Руската православна црква и Кремљ, односно за путинистичко влијание низ Источна Европа и особено на Балканот.
Навидум неповрзано:
Покрај дистанца од "Српската листа", со бојкотот на локалните избори и Белград и Србите во Косово фактички се откажаа од барањето етничка заедница на општини во Косово
Ова е успех/придобивка и за Србите од Косово и за Србија.
Тоа ги доведува до ѕид утилитаристите на српството кои (ќе) го кочат општествено расчистување - низ нов извоз проблеми во регионот - во функција на малигното руско влијание на Балканот.
"Црногорското сценарио" започнато со спорењето на имотот на црквата сега има потенцијал да се реплицира и во Македонија.
Општото премолчување на состојбата од:
- партиите формирани пред 30 години како заднина на "српскиот свет",
- "Поп-ѕвездите" во Синодот, за кои медиумските амбиции се побитни од духовното ...
...покажува колку е сериозна состојбата.
Примирувањето со утилитаристите, затоа, ќе биде огромна опасност - особено за нас, Македонците.