Во тек е тивок, но длабински судир на Македонците и Македонија со југо-македонизмот на Скопје. И во него за прв пат Македонија го победува Скопје.
23 мај 2023·Ивон Величковски

Партиите на Скопје заглавено во 1983 и натаму повикуваат на "обединување против Албанците за да ги победиме Бугарите".
Македонците заморени од застој, во 2023 бараме "Да одиме напред, сите во и околу земјата".
Затоа партиите се прпелкаат по средби по маала, а "живаљевиќ-медиумите " рециклираат излитени полит-аналитички примадони.
На сите им е јасно дека уставот ќе се дополни, но:
- на "јавноста" и е нејасно зошто тоа не му пречи на општеството,
- на граѓаните не ни е јасно е како партиите веруваат дека сме подготвени да изгубиме уште години и генерации за тие да бегаат од преземена обврска, прво во спорот со Грција, сега со Бугарија?
Идеополитичката диференцијација до 1990 се темелеше:
- за Македонците, на придржување до проектираната загрозеност доколку се надвор од југо-српскиот свет.
- за Албанците во Македонија, на обврска постојано да докажуваат дека не бараат промена на статусот.
- за останатите - на жонглирање меѓу Македонците и Албанците.
Југославија ја снема, Македонија е независна, митовите паднаа.
Плурал-партиската диференцијација 1991-2020 се темелеше:
- за Македонците, на придржување до "граѓанскиот" концепт кој е "граѓански" само ако одржува монопол на финансиска и политичка моќ преку медиумите, фирмите и партиите на (пост) југословенската елита.
- за Албанците, на обврска да докажуваат дека не бараат промена на границите и да прифаќаат "граѓански" концепт во две брзини, до и од Групчин.
- за останатите - исто како и претходно.
ПЈРМ заврши, Македонија стана Северна, границите не се сменија, митовите паднаа.
Затоа сега остана само диференцијацијата во:
- "јавноста" и елитите - партиите, медиумите, бизнисот, невладините... игнорирани до небитност.
- "дипломатите", ненавикнати да бидат заобиколувани во широк лак, заедно со нивните омилени, но остарени соговорници.
Диференцијацијата е по прашањето кој е за Рамковна, функционално евроатланска и изворно европска Северна Македонија, а кој е за Дејтонска територија Македонија.
За Македонците (Албанците, Турците, Ромите, Србите, Бошњаците, Власите... Бугарите, Хрватите, Црногорците...) е јасно дека економскиот моментум и општествениот смисол на "Шарената" беше упропастен од проектните глодари на стабило-корупцијата.
И веќе немаат намера да си го жртвуваат стандардот и времето за политичарите, туку бараат доказ како политичарите си ја жртвуваат комоцијата.
За почеток, признавајќи јавно дека државата:
- се вика Северна Македонија,
- низ рамноправноста на Македонците со сите е гаранција за идентитетот на сите - и на Македонците,
- има уредени граници со 5 соседи,
- свесно е во НАТО, со сите обврски и привилегии,
- ќе биде во ЕУ според патот утврден и со Преспанскиот и Софискиот договор.
Без романтика, уште повеќе без патетика.
Можеше ли Македонија подобро и побрзо? Да.
Со секој наш избор, секој од своја причина и убедување, сме придонеле за ова заостанување? Да.
Може подобро од сега натаму? Да.
"Тоа е се, народе" Нашите генерации ќе се сетат на одјавата на цртаните со Душко Долгоушко. Помладите и онака ова веќе го знаат.