НОВА РЕПУБЛИКА
← Назад кон вести
Колумни

Чиј образ треба да спасува "лидерската средба"?

29 мај 2023·Ивон Величковски
За почеток, ако Ковачевски замислува лидерски средби со Мицкоски по теркот на Заев, нека се подготви за политичката судбина на - Заев.
Натаму, јасни се пораките од Македонија, Европа и САД до ВМРО-ДПМНЕ дека кочењето на уставните дополнувања е штетно по државата (би рекол и по самата партија).
Прифаќајќи лидерска средба со Ковачевски, Мицкоски прифаќа (разговор за) уставни измени пред избори, односно во овој состав.
Бидејќи митот за "непопустливост" завршува, во тек е операција на "живаљевиќ-медиумите" дозирано да ја креваат тензијата де кон Албанците, де кон Бугарите како влог на очаен коцкар.
Македонците како и целата оваа година - ќе бројат денови додека заврши и оваа ПЈРМ-овска шарада.
Бидејќи Скопје по ова прашање само сака да држи привид на "морална вертикала", немоќта вон контролираните медиуми годинава си ја покажа со затворената граница за европратеник, а лани со протести "против бугаризација" пред дуќани на Албанците.
Затоа уставните амандмани станаа Пи-аР проблем само за политичарите, медиумите и нивните коморски сопственици, за кои промените во Македонија (неминовни при преговорите за членство во ЕУ) - се крај на нивната моќ.
Но токму со фемкањето меѓу уставните измени и предвремените избори, си ја признаваат стапицата:
- Со трампа "уставни промени за предвремени", Мицкоски признава дека му е сеедно за уставот, се додека оди на избори на кои се уште смета дека има предност.
- Со трампа "избори за евентуални уставни промени", Ковачевски признава дека му е сеедно за интеграциите се додека некој друг би вадел жежок костен.
- Ваквата лидерската средба за обајцата е обајцата е само обид за пролонгирање на 30 г. статус кво:
Чашата жолч е на масата, а дали ќе ја пијат заедно или поединечно - сеедно е
Како во 2008 пред и по Букурешт, кога Црвенковски и Груевски сторија се за да го одложат процесот со Грција, а пред нив Глигоров и Георгиевски.
За потоа во 2014/15 Ахмети, Арифи и Османи да станат единствена политичка комуникациска линија меѓу двете држави... Додека томато-дипломати оспоруваат се додека се во опозиција и прифаќаат се само да се на власт.
Затоа лидерската во ваков формат нема да спаси ничиј политички или партиски образ ако не изнесе јасно кој е политички и партиски за, а кој е против македонските евроинтеграции.
Во кои уставните измени се гарантот за рамноправноста на Македонците со елитите и на Македонците со немакедонците.
И со тоа, кој е за, а кој против одвојување на Македонија од интегративниот ЕУ процес (на кој сме со Албанија), за што утре никој друг нема да ни биде виновен освен нас самите.
Во спротивно, ќе имаме реприза на моноетничките "лидерски" на Заев и Мицкоски под покровителство на Пендаровски во 2020. И денешните проблеми.